Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд денеска поевтинува лебот во Скопје

Од денеска поевтинува лебот во Скопје

Од денеска поевтин леб во Скопје, најави мелничко-пекарската индустрија. Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари зависно од грамажата. Во остакотот од земјата се очекува да се задржат цените кои веќе се пониски.

Причината за поевтинувањето е евтиното српско брашно кое се увезува на пазарот, објаснуваат од групацијата на мелничари и пекари кои вчера апелираа до владата за субвенции од 2,5 денари по откупен килограм за се амортизираат загубите од, како што велат, скапата домашна пченица.

Покрај мелничарите, со свое барање настапија и земјоделците, кои побараа по 2 денари од килограм пченица. Од министерството за земјоделство велат дека се во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање. Одржани се неколку состаноци и се разгледуваат можни решенија на барањата.