HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд денеска ќе возиме на поевтино гориво

Од денеска ќе возиме на поевтино гориво

Бензините и дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинеа за 3,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари. Со одлуката на РКЕ за 2,467 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 12,857 денари за килограм.

Од РКЕ наведуваат дека причините за намалување на малопродажната цена на нафтените дривати се падот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар за 19,51 % и 0,143 % повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com