Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд бројот за донации Црвен Крст пресмета – само по 250 евра за секое поплавено семејство

Од бројот за донации Црвен Крст пресмета – само по 250 евра за секое поплавено семејство

Повеќе од еден милион евра до понеделник треба да легнат на сметката на Црвениот Крст, од донации собрани преку телефонскоте јавувања и солидарниот фонд. Според првичните пресметки околу 4.500 семјества ќе добијат по околу 250 евра – изјави денеска Саит Саити.

Саити ги отфрла обвинувањата на дел од жителите кои се пожалија дека помошта се делела по партиска линија. Тврди дека од Црвениот крст рамноправно ја делеле помошта на терен, а ако имало селективност, тогаш ја правеле волонтерите кои одлучиле сами да ја делат помошта.

До петок жителите коишто се уште не се авансно обешететени и ги нема на списоците во месните заедници, треба да ги повикаат проценителите за да ја испитаат штетата. Тие што го добиле авансот велат веќе ги потрошиле парите.

Владата со ребалансот на буџетот планира да обезбеди околу 36 милиони евра за погодените подрачја. Авнасот од 500 евра ќе биде одбиен од вкупната сума на штетите. Во меѓувреме продолжуваат трошењата на Владата за непродуктивни проекти како панорамското тркало.