Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионОд босанските продавници повлечени кукли полни со отровни хемикалии

Од босанските продавници повлечени кукли полни со отровни хемикалии

Повеќе видови на пластични играчки за девојчиња биле повлечени од пазарот на Босна и Херцеговија бидејќи инспекторите утврдиле дека претставуваат хемиски ризик бидејќи содржат недозволено количество на фталати. Станува збор за штетни материи чие дејство може да предизвика сериозни здравствени хормонски промени кај децата, а во некои случаи може да предизвикаат и канцер.

Меѓу спорните играчки, за кои во последните месеци има забрана за продажба, се нашле дури и оие кукли за кои не било можно да се утврди ни кој им е производителот. Според податоците на Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, помеѓу останатите е повлечена и детската кукла „Lovely play set“, а инспекциите наложиле уништување на овие несигурни играчки.

– Им се препорачува на потрошувачите кои го купиле овој производ да престанат да го користат – навеле од Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ. Заменикот омбудсман за деца на Република Српска, Злата Хаџиќ- Бајриќ, предупредила дека не само играчките туку и опремата за бебиња и облеката за најмладите , доколку не ги исполнат основните стандарди за безбедност на децата може сериозно да го загрозат развојот и растењето на децата.