Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд 1 септември мора да се возите со „електронска“ во ЈСП

Од 1 септември мора да се возите со „електронска“ во ЈСП

Од 1 септември ЈСП целосно ќе ги укине хартиените билети и ќе почне да се користи само електронскиот систем на наплата. Тоа значи дека граѓаните ќе мора да извадат електронски картички кои ги има во два вида, персонализирани со кои може да извадите месечни билети за ученици, пензионери и граѓани, како и неперсонализирани картички кои ќе функционираат на ваучерски принцип.

Цените веќе одамна се познати и воведени се неколку новитети, како на пример временски билет кој ќе чини 60 денари, а ќе може да се активира во рок од 90 минути со повеќратни возења. Дневниот билет ќе чини 120 денари за градски линии, а 150 денари и за приградските автобуси. Главно негодување кај граѓаните има за билетот од 10 возења кој ја задржува цената од 250 денари, но се воведува временски лимит од само 15 дена.

jsp avtobusi

Во ноќните автобуси останува цената од 40 денари, но ако платите од мобилен ќе треба да одвоите 50 денари. Сличен принцип има и за билетот за едно возење кој чини 35 денари, но ако платите преку мобилен на бројот 185 ќе ве чини 40 денари.

Во принцип цените воопшто не се спуштени бидејќи претходно имаше билети од киосците на ЈСП кои чинеаа по 30 денари, па на пример ако патувате со два автобуси цената на четири билети ќе ве чинеше 120 денари, нешто слично како новиот дневен билет.