HomeДЕНЕШНАПолитикаЈохан Тарчуловски и Канческа Милевска на листите, Диме Спасов го нема

Јохан Тарчуловски и Канческа Милевска на листите, Диме Спасов го нема

36290438_401

За прв пат директно ќе се соочат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во Изборната единица (ИЕ) 4. Ова стана извесно откако владејачката партија синоќа соопшти кои ќе бидат носителите на нејзините кандидатски листи. Во првата изборна единица ќе се соочат Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ. Во двојката се Никола Тодоров и Оливер Спасовски, во тројката Илија Димовски и Љупчо Николовски, во петката Антонио Милошоски и Радмила Шеќеринска, а во шестката Влатко Ѓорчев и Петре Шилегов.

Рамазан Мифтароски од Венеција, по потекло од селото Могорче, Дебарско, е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во седмата изборна едница, во дијаспората.Кои се кандидатите на следните позиции? Како што неофицијално дознава Дојче веле, на листите ги нема Диме Спасов, Спиро Ристовски, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски… Од ударната постава на ВМРО-ДПМНЕ единствено министерката за култура Елизабета Канческа Милевска е на втора позиција во кецот, по неа се Борис Змејковски, Драган Данев и претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова. Трајко Вељаноски е втор во „двојката“, каде се и коалициските партнери Иван Стоиљковиќ и Амди Бајрам, а изненадување на осмата позиција е Јохан Тарчуловски. Техничкиот премиер Емил Димитриев е втор во „тројката“.

Во четворката зад Груевски е Ванковер Манчев од Струмица, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова… Васил Пишев е на шестата позиција. Во петката на втора позиција е Зоран Илиоски, потоа Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотовски… Крсто Мукоски е на седмата позиција. Во шестката на втора позиција е Јусуф Хасани од Врпчиште, потоа Дафина Јовановска Стојанова, Горан Манојловски, Фатмир Имероски од Могорче, Валентина Стефановска од Тетово…
Голем дел од досегашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ повторно се на листите, а покрај претходно споменатите, на нив повторно се најдоа и Драган Цуклев, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Светлана Јакимовска, Владанка Авировиќ и други..

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com