Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАОбвинителството тврди: Командантите се убиени во акцијата во „Диво Насеље“

Обвинителството тврди: Командантите се убиени во акцијата во „Диво Насеље“

Јавното обвинителство во случајот „Диво Насеље“ ги демантираше тврдењата на одбраната дека осомничените терористи кои имале командна функција биле убиени за време на вооружената борба, а не по приведувањето во полициската станица. Обвинителите кои го водат случај ги презентираа своите аргументи и докази, како и исказите од заштитени сведоци кои учествувале во самата престрелка.

„Неблагодарно е да се шпекулира со работи кои се навистина осетливи, ако одбраната ги прочита добро наводите од обдукцијата точно е наведено колку рани, каде се раните, како се облечени, како се однесени“, изјави Пановски.

„Немало потреба тие да бидат ликвидирани, значи оние не биле само тие главните, одбраната и обвинетите можат по закон да кажат што сакаат но доказите се поинакви“, изјави Рускоска.

Свое сведочење дадоа и сопругата и ќерката на осомничениот Фадим Фејзулаху кој е сопственик на една од куќите каде биле сместени терористите. Тие на судот му укажаа дека имаа семејна куќа надвор од Диво Насеље и дека полицијата со пукање влегла во нивниот дом барајќи го Фејзулаху.