HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителството ќе истражува зошто Крпач се застрелал и кој го притискал

Обвинителството ќе истражува зошто Крпач се застрелал и кој го притискал

Дури по поведувањето на предметот „Трезор“ поврзан со проневера на државни пари од високи функционери на МВР со набавка на опрема за шпионирање преку посредништво на фирмата „Финзи“ јавното обвинителство и откри на јавноста дека ќе поведе истрага дали Коста Крпач кој е еден од раководството на поврзаните фирми бил под некаков притисок или закана пред да се самоубие.

Самиот чин на пукање во градите е сомнителен, но истрагата на ОЈО тврди дека станува збор за самоубиство. На кобниот ден Крпач преку терасата пукал во комбе кое било паркирано под зградата и потоа се затворил во станот во Капиштец. Одделот на Марко Зврлевски ќе бара увид во доказите на СЈО за тоа кој му се заканувал бидејќи Крпач станал нивни сведок во повеќе постапки и бил клучен дел од истрагата.

Засега СЈО нема одговорено на барања на ОЈО иако оттаму тврдат дека не ги интересира содржината на сведочењето туку кој му упатувал закани.

Ако се оди по таа логика, тогаш лицата против кои сведочел имале мотив да му се закануваат и да вршат притисок врз Крпач, но тоа Зврлевски треба навистина да го докаже докрај ако е искрен во намерите за новиот ангажман околу овој случај бидејќи интересот е сосема нов, а од самоубиството пројдоа шест месеци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com