Friday, Jun 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбвинителството ќе ги гони за тероризам напаѓачите од Диво насеље

Обвинителството ќе ги гони за тероризам напаѓачите од Диво насеље

Основното јавно обвнинителство покрена обвинение против 29 лица кои беа совладани и уапсени по Кумановската битка и тие се осомничени за тероризам и здружување во терористичка организација. Надлежниот обвинител исто така доставил и Предлог за продолжување на мерката притвор, а потоа ќе започен и судската постапка.

akcija kumanovo

Во дводенвните борби загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили, 40 беа ранети, додека пак од терористичката група десетина беа убиени, а триесетина уапсени. Во понатамошните акции на МВР беа уапсени и десетина лица кои се сомничат за пружање логистика на терористичката група и давање засолниште.