HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителството го разгледува ревизорскиот извештај за МОН

Обвинителството го разгледува ревизорскиот извештај за МОН

obvinitelstvo-1-715x400

Извештајот на државната ревизија каде се нотирани недоследности во работата на Министерството за образование стигна во Основното јавно обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата – објави 24 Вести. Од обвинителството велат дека извештајот е распределен кај јавен обвинител и сега е предмет на разгледување и анализа. Доколку се утврдат елементи на сторено кривично дело ОЈО ќе започне постапка согласно законските надлежности. Зависно од видот на кривичното дело ќе се постапуваа соодветно според Законот за кривична постапка, велат од ОЈО.

Од друга страна, министерот за образование Пиштар Љутфиу тврди дека ниту еден денар од министерството не бил потрошен без покритие, но во иднина ќе бидат повнимателни како и каде се трошат државните пари.

Според ревизорскиот извештај од ресорното министерство биле потрошени 203 000 евра на хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за кои немало соодветна документација. Неправилното работење и пропустите се случувале за време на мандатот на поранешниот министер Абдилаќим Адеми и актуелниот Пиштар Љутфиу.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com