Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителството бара притвор за едно лице и мерки за две – Дали организаторите и пратениците кои ги отворија вратите се меѓу нив?

Обвинителството бара притвор за едно лице и мерки за две – Дали организаторите и пратениците кои ги отворија вратите се меѓу нив?

По долгото чекање се огласи Основното јавно обвинителство кое бара притвор за едно лице и мерки за претпазливост за две лица од извештајот кој МВР го достави до нив. ОЈО не открива дали ова се однесува на дел од идентификуваните пратеници кои ги отворија вратите и организаторите на протестот. Тоа беа најчесто поставуваните прашања овие денови со оглед на фактот дека беше нападнат законодавниот дом, а протести и понатаму се одржуваат кои можат да бидат потенцијална опасност од повторен упад.

Обвинителството за две лица донело одлука дека не постои основано сомнение за стореено кривично дело, додека за две лица се уште се истражуваат и за нив нема одлука.

„За едно од лицата за кои МВР поднесе известување, обвинителството цени дека постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 и Предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик. За осомниченото лице до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор. За две лица, обвинителството оцени дека постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик и за нив до судија на предходна постапка поднесен е Предлог за определување Мерки на претпазливост.
За останатите две лица за кој беше доставено известување, обвинителството утврди дека не постои основано сомневање дека сториле кривични дела. По однос на другите две лица во тек е натамошно преземање на активности за утврдување на фактите, за да може да се донесе јавно обвинителска одлука“ – се вели во соопштението на ОЈО.