HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОбвинителството бара две години затвор за Нејмар!

Обвинителството бара две години затвор за Нејмар!

Шпанското обвинителство побара од Националниот суд во Мадрид фудбалерот Нејмар да добие две години затворска казна и парична казна од 10.6 милиони евра. Нејмар е обвинет за корупција и нерегуларности при неговиот трансфер од Сантос во Барселона 2013 година.

Обвинителите од Националниот суд ја побарале истата затворска казна и за таткото на Нејмар, додека за поранешниот претседател на Барселона Сандро Росел побарале казна од пет години затвор. Постапката е започната после жалбата на бразилскиот инвестиционен фонд ДИС кој тврди дека е оштетен, односно дека е скратен за одредена парична сума при трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com