Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителите од тимот на Катица Јанева дадоа свечени изјави

Обвинителите од тимот на Катица Јанева дадоа свечени изјави

Дванаесетте јавни обвинители кои ќе и помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева денеска формално ја преземаат новата должност откако дадoa свечена изјава во Советот на јавни обвинители.
svecena_zakletvaПетмина обвинители беа изгласани вчера, а седум беа избрани на 14 октомври. Советот на јавни обвинители вчера едногласно ги избра обвинителите. Неизборот на целиот тим што го предложи Јанева беше едно од спорните прашања што го кочеше меѓупартскиот дијалог за спроведување на договорот од Пржино.

И по големите превирања и залудно губење време, сепак се најде решение, Јанева да има 12 наместо првично бараните 14 обвинители.