Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинителите ја послушаа Јанева, не дадоа свечена заклетва

Обвинителите ја послушаа Јанева, не дадоа свечена заклетва

Избраните седум обвинители на Катица Јанева денеска не дадоа свечена заклетва. Тие не зе појавија на закажаната седница како што и ги повика специјалната обвинителка бидејќи според неа, со тоа би се потврдила претходната одлука на Советот да избере само седум од четиринаесете предложени обвинители која е спротивна на Законот за специјалното обвинителство.

Претседателот на советот Петар Аневски дваесетина минути по предвидениот термин за почеток на седницата се појави сам и констатираше дека ниту еден обвинител од тимот на Јанева не дојде да даде заклетва.

Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи денеска требаше да дадат свечени заклетви, со што и официјално би ги преземеле должностите во новата институција. Нова седница на советот е закажана за утре.