Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбвинетите за тероризам од Диво Насеље ќе седнат во судница следната недела

Обвинетите за тероризам од Диво Насеље ќе седнат во судница следната недела

Судењето за Диво Насеље почнува на 9-ти овој месец, точно 9 месеци по кумановските настани кога во дводневни борби на 9-ти и 10-ти мај загинаа 8 полицајци, а 42-ца беа тешко повредени. Вкупно 10 припадници на терористичката група загинаа во акцијата.

Обвинети се вкупно 30-мина припадници на кумановската терористичка група. Најголем дел се државјани на Косово, има неколкумина македонски државјани, еден државјанин на Албанија и уште еден германски државјанин. Обвинети се дека од јануари 2015-та до нападот во Куманово подготвувале терористички напади во Македонија.

На судењето покрај сведоци и жители на населбата како заштитени сведоци ќе сведочат и 48 полицајци кои учествувале во борбите и се повредени. Првообвинет е Сами Укшини (командант Соколи), а втор на листата обвинети е Анди Красниќи- Малишева. Тие биле водачи на групата, додека останатите двајца водачи и организатори на упадот во Куманово, Мирсад Ндрецај-командант НАТО, Ризај Бег беа застрелани во акцијата.