HomeДЕНЕШНАРепубликаОбвинетите во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под полициска опсада

Обвинетите во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под полициска опсада

obvineti-divo-naselje-ohrid

Центарот на Охрид, особено околу зградата на охридската полиција, од синоќа е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните, објави МЕТА.

Денеска е втор дена откако улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и е забрането паркирање и задржување на возила. Објектите ги обезбедуваат вооружани полицијаци под полна опрема.

Надлежните сè уште не излегле со официјално соопштение, меѓутоа, како што дознава „Мета“ од извори во полицијата, засилените мерки на безбедност се поради неколку лица, обвинети во случајот „Диво Насеље“, кои се префрлени од Скопје во Охрид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com