Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОбвинетиот за сообраќајката кај „Зебра“ се покаја: „Чувствувам голема душевна болка.“

Обвинетиот за сообраќајката кај „Зебра“ се покаја: „Чувствувам голема душевна болка.“

Бојан Б. (37), човекот кој неодамна во сообраќајката кај трговскиот центар „Зебра“ ѝ го одзема животот на новинарката Сузана Тодоровска – Павловска, призна дека е виновен и длабоко се покаја за тоа што го сторил.


„Притворот лошо влијае на мене. Изразувам длабоко сочувство и каење за тоа што се случи тој кобен ден. Чувствувам голема душевна болка. Помислата дека одзедов човечки живот ме доведе до психичко растројство. Ми ги уништи сите планови, за да основам семејство со мојата девојка. Наркотиците одзедоа голем дел од мојата младост. Неколку месеци бев чист, но повторно им се вратив.“


Бидејќи обвинетиот ја призна вината, на ред е судот кој треба да ја одреди висината на казната. Поради некомплетна медицинска документација, која што е дел од доказите на одбраната, судењето ќе трае подолго од вообичаеното.