Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОБСЕ: Референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди

ОБСЕ: Референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди

Меѓународните набљудувачи сметаат дека референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди, изјави Тана де Зулуета, шефица на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Зулуета истакна дека одлуката на изборната комисија да ги прифати за важечки ливчиња, оние кои не се испечатени од официјални претставници, е спротивна со мерките против изборната измама.

– Двете страни во кампањата немале еднакви можности за претставување пред одржувањето на референдумот. Последните измени во процедурата за пребројување на гласачките ливчиња придонесе за поништување на важна заштита за изборниот процес, нагласи претставникот на заедничката мисија на ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ, Чезар Флорин Преда на заедничката прес-конференција со Зулуета.