HomeДЕНЕШНАПолитикаОБСЕ ќе ги обучувa изборните административци – потпишан меморандум за соработка со ДИК

ОБСЕ ќе ги обучувa изборните административци – потпишан меморандум за соработка со ДИК

Изборната администрација ќе се обучува преку видео-прирачник и онлајн тестови. Државната изборна комисија и мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел спроведување на заеднички активности во 2016 и 2017 година кои ќе придонесат за понатамошно подобрување на изборниот процес и подобрување на оперативните капацитети на ДИК.

Според претседателот на комисијата Александар Чичаковски, едукацијата на изборните одбори во овој период е од особена важноста, бидејќи од нивните професионални стандарди ќе зависи и кредибилноста на претстојните предвремени парламентарни избори.

Заедничката цел е преку интензивна и добро структурирана едукација на изборната администрација да се зголемат знаењата, вештините и професионалните стандарди на изборната администрација при спроведување на изборите и на тој начин да се адресиира дел од претходно идентификуваните проблеми на ДИК, меѓутоа на тој начин би ги адресирале и дел од препораките нотирани во извештаите за набљудување на претходните избори, истакна Чичаковски изразувајќи благодарност за помошта и соработката на ОБСЕ за претстојните избори.

Во следниот период мисијата на ОБСЕ ќе и помогне на Државната изборна комисија и за пререгистрација на останатите граѓани во Избирачкиот список.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com