Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбрван со најдобрите 18 ракометари оди на ЕХФ неделата

Обрван со најдобрите 18 ракометари оди на ЕХФ неделата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација го објави списокот на 18 ракометари за ЕХФ неделата во наредниот месец за првиот собир пред ЕП 2016 во Полска, како и за учество на подготвителниот турнир во Хрватска. На списокот ги нема Вугринец и Мојсоски, а шанса ќе им се даде на повеќе млади ракометари. Голмани се стандардните Ристовски и Митревски, бекови браќата Лазарови, Миркуловски, Митков, Талевски, Прибак, крила се Манасков, Ојлески, Георгиевски, пикери Стоилов, Пешевски и Марковски, а одбраната ќе ја држи Ацо Јоноски. Место обезбедија и младите Костески, Куковски и Кузмановски.