Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАОблечете се добро, денеска ќе биде доста студено и врнежливо

Облечете се добро, денеска ќе биде доста студено и врнежливо

Денешниот ден нема да биде ништо поразличен од вчера. Облачно, студено и врнежливо уште во утринските часови. Дождот генерално ќе се интензивира во пладневните часови, но во однос на количината на врнежи, поврнежливо ќе биде во јужната половина од земјава, пред се во југоисточниот регион. Веќе во вечерните часови врнежите ќе слабеат и постепено ќе престануваат.

Температура ќе се движи од околу 7 степени Целзиусови и ќе се искачи до 13-тиот степен. Во главниот град слично време, со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Дневниот максимум на температурата нема да ја надмине вредноста од 8 степени Целзиусови.