Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Облачноста повторно „напаѓа“!

МЕТЕО: Облачноста повторно „напаѓа“!

Облачен ден е пред нас. Облачната маса која се движи од север кон југ постепено ќе се спушта кон нашите краишта, почнувајќи од утринскиве часови. Може да се очекува сосема слаб дожд, пред се на повисоките места во северниот дел од земјава, а на висина над 1800 метри можно е да „провее“ и снег.

Навечер се очекува постепено разведрување.

Утрово донесе слаба до умерена појава на мраз, односно минимална температура низ котлините во границите од -2°С до -4°С.
Дневниот максимум на температурата ќе има вредности во границите помеѓу 8°С и 10°С, односно до 12°С на југоисток.

Во Скопје не` очекува облачно време.
Наутро температурата се спушти до -3°С, а максималната ќе има вредност до 8°С.