Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОблачно и посвежо време со повремен слаб дожд

Облачно и посвежо време со повремен слаб дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, почест во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 степени.

Во периодот потоа ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и среда во попладневните часови, пред се на запад, ќе има услови и за појава на ретки грмежи. Од четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок. Во петок врнежите ќе завршуваат, а тогаш поради спуштање на температурата се очекува појава на слаб снег на врвовите и на пониските планини.