Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес попријатни температури, но доста променливо

Денес попријатни температури, но доста променливо

временските индикатори укажуваат дека денеска не очекува променливо облачно време со повремен локален дожд особено во источните делови во земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Во утринските часови температурата на воздухот ќе достигне до 12 степени, а во текот на денот максималните температури ќе изнесуваат околу 25 степени. Во Скопје исто така ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на денот ќе има поголеми услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи до 11 степени, а дневната до 24.