Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбјавени платите на светските политичари, кој е најплатениот?

Објавени платите на светските политичари, кој е најплатениот?

СNN Моnеу направи листа на која ги подреди светските политичари кои земаат највисока плата на годишно ниво.

Високо на листата, на прво место се најде американскиот претседател Барак Обама со 400.000 долари. По него следи канадскиот премиер Џаcтин Tpудo со 260.000 долари плата, а германскиот канцелар Ангела Меркел е трета, која за својата работа добива 242.000 долари.

Во петорката влегуваат уште јапонскиот премиер Шиндзo Aбe со 241.250 и претседателот на Република Јужна Африка (или ЈАР) Џејкоб Зyмa со 206.600 долари. Во десетте влегуваат францускиот претседател (198.700 долари), британската премиерка Тереза Меј (186.119), рускиот претседател Владимир Путин (137.650), италијанскиот премиер Матео Рензо (120.000) и бразилскиот претседател Дилма Русеф, против која во моментов има импичмент (103.000 долари). Првата десетина од најскапо платените државните се затвора од индискиот премиер Hapeндpa Moди (28.800) и кинескиот претседател Cи Цзинпин (20.600 долари).