Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Објавена снимка од киднапирањето на синот на Ел Чапо

(Видео) Објавена снимка од киднапирањето на синот на Ел Чапо

Најмладиот син на мексиканскиот злогласен наркобос, Хоакин Ел Чапо Гузман е киднапиран од ривалска банда, со што се зголемува стравот дека станува збор за нова војна меѓу картелите, пишува RT.

На интернет веќе се појавиле снимки од надзорните камери од ресторанот „La Lece“ од каде што бил киднапиран во понеделникот. На снимките може да се види како синот на Ел Чапо клечи на колена со рацете зад глава, додека еден маж го држи на нишан.

Се уште не е позната судбината на 29-годишниот Хесус Алфредо Гузман Салазар, а мексиканскиот новинар Хавиер Валдез сугерира дека киднапирањето може да биде поврзано со борбата за моќ меѓу две банди, со што би ескалирало насилството низ земјата.

Едуардо Алмагуер, јавен обвинител на Халиско, рекол за Ел универзал дека снимката е вистинска, но дека „неодговорно протекла“ во јавноста.