Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОбјавен тендерот за гасификација на Источна Македонија

Објавен тендерот за гасификација на Источна Македонија

Владата на денешната седница донесе одлука за објавување тендер за гасификација на Источниот дел од Македонија.

Според она што е соопштено, Владата разгледала и усвоила информација „за тендерската постапка за доделување на договори за јавно приватно партнерство за финансирање, одржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во регионите 1, 2 и 3“.

Според регионалната поделба, овие три региони ја опфаќаат половина од територијата на Македонија.