Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОбјавен огласот за обнова на блокот А на домот Гоце Делчев

Објавен огласот за обнова на блокот А на домот Гоце Делчев

Министерството за образование го објави јавниот оглас за реконструкција на критичниот блок А од студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје. На огласот треба да се избере најповолниот изведувач, а понудите ќе бидат разгледани на 7 декември по што ќе се постави и временска рамка за започнување на реконструкцијата. Претходно од Министерството за образование посочија дека целосно е реновиран блокот А и две третини од сместувачкиот капацитет е исполнет, а беше набавен и нов мебел. Студентите имаа голем број на поплаки за условите во Гоце Делчев и бараа реновирање на дотраената зграда со многу проблеми.