Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОбјавен е конкурсот за Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300″

Објавен е конкурсот за Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300″

Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ чие што 23 издание ќе се одржи во октомври годинава, објави конкурс  за сите потенцијални учесници

На ФАДФ „Камера 300“ може да учествуваат сите филмски аматери, членови на клубови, секции или самостојни автори од Европа кои ќе пријават филмови снимени на ДВД, МП4 или МПЕГ техника и титлувани на англиски јазик, а крајниот рок за пријавување на филмовите е 10 октомври.

На фестивалот кој и годинава ќе се одржи во Битола ќе бидат доделени следниве награди: плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за репортажа и наградата на „Уника“.