Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОбјавен датумот за премиерата на продолжението на филмот „Tomb raider“

Објавен датумот за премиерата на продолжението на филмот „Tomb raider“

Продолжението на филмскиот хит „Tomb raider“ во киносалите ширум САД би требало да се појави на 16 март 2018 година. Овој термин првобитно беше резервиран за премиерата на филмот „The Flash“, но студиото Варнер Брос сепак одлучи овој термин да му го даде на филмот „Tomb raider“.

Наследничка на Анџелина Џоли во новата адапција на популарната видео игра ќе биде Алисија Викандер, која се прослави со улогата во филмот „The Danish Girl“. За сценариото првобитно беше ангажиран Марти Ноксон, а позната информација позната на јавноста околу ова прашање е дека моментално на сценариото работи Еван Доерти.

Според зборовите на продуцентот Грејем Кинг, новата адапција ќе биде пореалистична и поприземна во однос на претходните две во кои глумеше Анџелина Џоли.