Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбилните врнежи носат први проблеми низ Македонија

Обилните врнежи носат први проблеми низ Македонија

Сцените од ланските поплави низ повеќе региони низ Македонија никој не сака да се повторат, но по вчерашните обилни дождови веќе се појавуваат серија на проблеми низ повеќе места каде водата е надојдена. Една лента е пресечена на патот Гевгелија-Ски центар Кожув во должина од дваесетина метри, а наноси на кал и камења. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија, според АМСМ се одвива без забрани, по влажни коловози.