Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОбиколницата затворена до петок – продолжува снимањето на „А фонд“

Обиколницата затворена до петок – продолжува снимањето на „А фонд“

Поради подобрувањето на временските услови, од денеска се нормализира состојбата и продолжува снимањето на францускиот филм „А фонд“ на скопската обиколница, поради што истата ќе биде затворена до петок во периодот од 5 до 18 часот.

Снимањето треба да заврши најдоцна до 10-ти октомври, но можно е да се пролонгира доколку се одложи снимањето во одредени денови поради лошите временски услови.