HomeДЕНЕШНАРепубликаОбид за киднапирање 12 годишно девојче во скопско Миладиновци

Обид за киднапирање 12 годишно девојче во скопско Миладиновци

miladinovtsi-1

Обид за киднапирање на 12 годишно девојче во скопско Миладиновци се случило вчера околу пладне, тврдат родителите. За 24 Вести објаснуваат дека додека нивната ќерка се враќала од училиште ја следел автомобил со црна боја.

Таткото се уште видно вознемирен објасни дека ќерката се пожалила дека во еден момент, возачот излегол и почнал да ја следи. Девојчето успеало да избега бидејќи, за среќа нејзината мајка работела во близина. Човекот избегал кога ја видел жената.

Таткото Маријан Стојнев рече дека случајот го пријавил во полиција, а има и сведоци кои можат да го потврдат. Директорот на училиштето „Браќа Миладиновци“ Тројан Симоновски го негира настанот и отфрла одговорност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com