Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија во рамки на Уставот

Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија во рамки на Уставот

Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот, прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати и формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати, заклучи претседателството на Обединети за Македонија, вчера во Велес.

„Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија кои што се во рамки на највисокиот правен акт, Уставот на Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање дебати кои ќе отворат пат на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикуваат своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси“, се вели во соопштението од партијата.