HomeДЕНЕШНАСветОбјавена снимка од полициско комбе како прегазува луѓе (ВИДЕО)

Објавена снимка од полициско комбе како прегазува луѓе (ВИДЕО)

Американските протести во Манил преаснале во насилство кога полициско комбе влетало меѓу демонстрантите прегазувајќи најмалку три лица, пренесуваат локалните медиуми. Лидерот на протестот Ренато Рејес вели дека најмалку тројца активисти, студенти биле префрлени во болница откако биле прегазени од полициско комбе.

Медиумите објавија видео на кое се гледа како комбето се обидува да се пробие меѓу демонстрантите за потоа бидејќи тие го обиколиле одејќи напред-назад да прегази три лица. Полицијата употребила и солзавец за да растера повеќе стотици демонстранти кои пред амбасадата на САД на Филипините против присуство на американски војници во земјата и ја поддржале најавата на претседателот Родриго Дутерте дека ќе води независна внатрешна политика.

Полицијата подоцна уапсила неколку демонстранти кои го пробиле кордонот на полицијата и фрлиле црвена фарба на амбасадата на САД.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е од вознемирувачки карактер

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com