HomeРЕФЛЕКТОРФилмОбјавен новиот трејлер за „Jackie“, Натали Портман е првата дама на САД

Објавен новиот трејлер за „Jackie“, Натали Портман е првата дама на САД

jackie

Во новиот трејлер Портман е облечена во истата облека како Џеки Кенеди за време на атентантот врз американскиот претседател Џон Кенеди, во 1963 година во Далас.

„Луѓето сакаат да веруваат во бајки“, вака започнува трејлерот во кој Портман го толкува ликот на поранешната прва дама на САД и вдовица на Џон Кенеди. Филмот, во режија на чилеанскиот режисер Пабло Лареин, се фокусира на идиличните денови на семејството Кенеди во Белата куќа, на атентатот во 1963 година и животот по смртта на претседателот.

Засега, критиките за изведбата на Портман како Џеки Кенеди се позитивни и ја предвидуваат третата номинација за Оскар. Портман доби Оскар за изведбата на балерина во „Black Swan“ во 2010 година. Инаку, светската премиера на филмот е најавена за 2 декември, а сите љубопитни веќе можат да го погледнат трејлерот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com