HomeРЕФЛЕКТОРФилмОбјавен инсерт од филмот „Assassin’s Creed“

Објавен инсерт од филмот „Assassin’s Creed“

20302733265832d41c7a23f040246464_v4_big

Уште нешто повеќе од месец дена преостанува до објавувањето на филмот инспириран од популарната игра „Assassin’s Creed“, а во прилог ви објавуваме инсерт во кој главните актери Мајкл Фасбендер и Марион Котијар зборуваат за митологијата на оваа игра. Калум Линч, чиј лик го толкува Мајкл Фасбендер, открива дека е потомок на тајното друштво „Asasina“ благодарение на револуционерната технологија која ги отклучува неговите генетски сеќавања.

„Assassin’s Creed“ е една од најуспешните игри на денешницата, а ова е прв филм снимен според дејството кое се одвива во оваа акциона игра. Режијата ја потпишува Дастин Курцел, а покрај Фасбендер во филмот улогите ги толкуваат и оскаровката Марион Котијар, Мајк Кенет Вилијамс и Џереми Ајронс. Во кино-салите можеме да го очекуваме на 29 декември, а до тогаш погледнете го инсертот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com