Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама во посета на Хирошима

Обама во посета на Хирошима

Претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама ќе ја посети Хирошима во текот на овој месец и со тоа ќе стане првиот американски претседател кој патува во овој јапонски град откако беше погоден од нуклеарна бомба на САД во 1945. Посетата е планирано да биде дел од турнејата во Азија од 21 до 28 мај, а Обама исто така ќе го посети и Виетнам.

Во бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 година од фрлената атомска бомба загинаа 140.000 луѓе. Нападот, заедно со фрлената бомба врз Нагасаки – се смета како значајно во ставање крај на Втората светска војна на Пацификот. Поранешниот американски претседател Џими Картер ја посети Хирошима, по завршувањето на неговиот мандат.