HomeДЕНЕШНАСветОбама со вето: САД не може да ја тужи Саудиска Арабија за 11-ти септември

Обама со вето: САД не може да ја тужи Саудиска Арабија за 11-ти септември

Американскиот претседател Барак Обама стави во петокот вето на законот кој би им овозможил на блиските на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година да ја тужат Саудиска Арабија, велејќи дека таквиот закон и им штетел на интересите на американската безбедност.

Во соопштението американскиот претседател Барак Обама наведува дека споменатиот закон би можел да доведе до тужби против американски функционери за акции на странски групи кои ја имаат американската помош, добиваат воена опрема или обука, како и дека би ѝ наштетило на соработката со сојузниците во борбата против тероризмот, пренесува агенцијата DPA.

Законот насловен „Правда против покровителите на тероризмот“ беше усвоен во американскиот Конгрес на почетокот од септември, пред 15-годишнинаа од терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година.

Конгресот, сепак, би можел да го надмине ветото од претседателот Обама со двотретинско мнозинство гласови во двата дома, што е многу веројатно можно поради големата поддршка што законот ја има и кај републиканските и кај демократските пратеници.

Членовите на семејствата на жртвите на овие терористички напади веќе подолго време сакаат да ја тужат Саудиска Арабија, тврдејќи дека постојат врски меѓу оваа блискоисточна монархија и терористичката организација Ал Каеда којашто ја презема одговорноста за нападите со граната авиони во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа околу три илјади луѓе.

Тој закон би им овозможил на семејствата на жртвите во нападите да тужат, особено саудиската влада и да добијат отштети, доколку нивната одговорност биде потврдена. Сегашниот закон овозможува за блиските на жртвите да ги тужат земјите кои Стејт департментот официјално ќе ги прогласи за поддржувачи на тероризмот, како Иран и Сирија…

Сомневањата во вмешаноста во напад никогаш не се потврдени докази, заклучиле истражителите на цензурираните извештаи на Конгресот од 2002 година објавени во јули.

Извештајот беше подготвен од страна на страна на двопартитната конгресната комисија и содржи вкупно повеќе од 800 страници. Кога беше објавен во 2003 година, беше изоставена последната глава, со споменатите 28 страници, која беше класифицирана. Во извештајот се укажува на можната поврзаност меѓу терористите и членови на владата на Саудиска Арабија, меѓутоа, сепак, никакви докази на споменатите 28 страници од извештајот не се приложени.

Дека класифицираното поглавје од извештајот содржат информации за вмешаноста на Ријад во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, претходно најави копретседавачот со комисијата, сенаторот Боб Греам. Според него, во извештајот се објаснува кој им помагал на терористите државјани на Саудиска Арабија во извршувањето на нападот од 11-ти септември.

Доверливиот дел од извештајот од 2002 година е клучен во спорот околу тоа дали на државјаните на САД треба да им се овозможи да ја тужат саудиската влада, клучниот американски арапски сојузник на Блискиот исток, поради спомнатите терористички напади.

Американски медиуми пишуваа претходно годинава дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.

Во настојувањата да се стивнат таквите напнатости, директорот на CIA, Џон Бренан, на 12-ти јуни при посетата на Ријад најави дека очекува оти 28-те доверливи страници од извештајот на Конгресот за нападите од 11-ти септември 2001 година во САД ќе бидат објавени и ќе ја ослободат Саудиска Арабија од секаква одговорност за тие терористички напади.

Бренан, во настојувањата да се примири значајниот сојузник, рече дека тој дел на 28 страници од извештајот е само „прелиминарен преглед“. „Подоцна е утврдено, според резултатите од извештајот, дека не постоела никаква врска меѓу саудиската влада како држава или институција, ниту дури на високи саудиски функционери и нападите од 11-ти септември..“, истакна шефот на CIA.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com