HomeДЕНЕШНАПолитикаОбама со опомена за грчкото вето кон Македонија, дали е возможно

Обама со опомена за грчкото вето кон Македонија, дали е возможно

obama-with-tsipras-1

Америкаснкиот претседател Барак Обама при претстојната посета на Атина ќе изрази загриженост за дозволата за употребата на грчките пристаништа од руските воени бродови и за континуираното блокирање на приемот на Македонија во НАТО, пишуваат Лук Кофи (Luke Coffey) и Даниел Кочис (Daniel Kochis) во коментарот објавен на порталот Херитиџ (Heritage.org).

Како што се вели во коментарот на овие двајца автори, спротивставувањето на Грција за членството на Македонија во НАТО и легалноста на оваа позиција во однос на меѓународното право, ја доведе во прашање политиката на отворена врата на НАТО, а САД треба да ја поттикне Грција да дозволи Македонија да влезе во НАТО под условите на привремената спогодба од 1995 година.

Белата куќа објави дека од 15 до 18 ноември претседателот Барак Обама ќе ги посети Грција и Германија. Во Атина Обама ќе се сретне со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас. Сепак, директна опомена кон Грција е малку веројатно со оглед на сојузништвото на двете земји и одличните односи кои Грците ги имаат воспоставено со демократите кога се на власт како што е Обама.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com