Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама предаден од својот сенатор Шумер

Обама предаден од својот сенатор Шумер

Барак Обама ќе ја изгуби подршката од сенаторот Чак Шумер кој ја претставува републиката Њу Јорк во Сенатот, а ќе му се спротистави на претседателот за постигнатиот договор со Иран за контрола на нуклеарната програма. Ова е силен удар врз Обама бидејќи доаѓа од сенатор кој е од неговата партија и е на многу висока позиција.

„Откако длабоко го анализирав и оценив договорот морав да се спротиставам и доколку дојде предлог за укинување на овој договор јас ќе го подржам“ изјави сенаторот Шумер оставајќи го Обама изложен на уште пожестоки напади од страна на републиканците.

Инаку дипломатскиот договор предвидува забавување на нуклеарната програма на Иран, отстранување на главните центрифуги, постојани контроли и предавање на целата количина на збогатен ураниум.

iran-nuclear-talk-main

Според проценките на експертите Иран нема да може да креира нуклеарно оружје во наредните 10 или 15 години и токму затоа овој договор подржан од Кина, Русија и главните членки на Европската Унија е најдоброто што можеше да се постигне со тврдоглавиот режим во Техеран.