Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама ќе ја тргне историската забрана за патување во Куба

Обама ќе ја тргне историската забрана за патување во Куба

Барак Обама ќе ги искористи надлежностите како претседател и со извршна наредба ќе ја прекине историската забрана за патување во Куба на американските државјани со што ќе ги заобиколи законодавците во Конгресот каде има силна опозиција.

cuba-usa

Новите правила ќе овозможат послободно движење, наместо досегашниот принцип на задолжително групно патување со одредување на локацијата, времетраењето и сите детали за организирање на патот. Претходно дури се сметаше и за предавство доколку американец стапне на кубанско тло, со тоа што наводно ќе му даде легитимитет на режимот на Кастро.