HomeДЕНЕШНАСветОбама и во последните денови од мандатот во сенката на Трамп

Обама и во последните денови од мандатот во сенката на Трамп

obama-1

Барак Обама во својата последна турнеја како американски претседател денеска ќе биде во Атина како дел од турнејата со која ќе мора и да пренесе пораки до европските земји за заедништво, особено по победата на Доналд Трамп кој ќе биде нов претседател, а е многу непредвидлив.

Веднаш по пристигнувањето во Грција, каде на сила се екстра зајакнати мерки на безбедност Обама ќе одржи заедничка прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Во фокусот на разговорите на оваа инаку прва посета на Обама на Грција ќе биде грчкиот долг како и стотиците илјади мигранти кои бегајќи од Блискиот исток прва станица им беше Грција.

„Бугарската агенција БГНЕС пред два дена, повикувајќи се на американската фондација Херитиџ која се смета за столб на креаторите на американската надворешна политика објави дека посетата има три цели: Обама ќе побара од Ципрас да го симне „незаконското“ вето за влез на Македонија во НАТО, да гласа за нови санкции против Русија и да ги затвори грчките пристаништа за руските бродови“.

– Прво, треба да се даде поддршка на целите на Македонија. Цврстата позиција на Грција за името ја доведува во прашање политиката на отворени врати на НАТО. Грција треба да и дозволи на Македонија да влезе во НАТО што е предвидено и во договорите, категорични се од Херитиџ Фондацијата.

Второ, да ја притисне Грција да гласа за обновување на европските санкции за Русија, кога во декември ова прашање одново ќе биде ставено на гласање во Европската унија.

Трето, Грција да биде против тоа руските бродови да ги користат грчките пристаништа. Според оваа Фондација, претседателот Обама треба јасно да и стави на знаење на Грција дека поддршката на руската флота е неумесна за една членка на НАТО се додека Русија незаконски го окупира Крим и Москва продолжува со поддршката на сирискиот диктаторот Бараш ал Асад, објави БГНЕС.

Обама кој го приведува кон крај мандатот како 44. претседател на САД, најверојатно својата посета на Европа по 8 години на власт, веројатно ја замислувал на поинаков начин, објавува АФП, додавајаќи дека победата на Трамп минатата недела ќе ја промени агендата бидејќи се чинат неизвесни неколку клучни глобални договори.

На прес конференцијата вчера, Обама се обиде да ги смири загрижените сојузници истакнувајќи дека не е лесно да се раскинат такви договори, а француската агенција наведува дека во спогодбите од тој тип спаѓаат и оние за нукларната програма на Иран, за заштите на природната средина  др.

По посетата на Грција, Обама заминува за Германија каде ќе има средба со германската канцеларка Ангела Маркел, потоа со францускиот претседател Франсоа Оланд и со премиерите на Британија и на Италија, Тереза Меј и Матео Ренци.

Турнејата ја завршува во Перу, каде ќе присуствува на Самитот на форумот на азиско пацифичката економска соработка (АПЕК), каде с еочекува средба со кинескиот претседател Сји Џинпинг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com