Sunday, Feb 23, 2020
HomeДЕНЕШНАСветОбама го прослави 55-от роденден – последен во Белата куќа

Обама го прослави 55-от роденден – последен во Белата куќа

US President Barack Obama delivers his State of the Union address.

Американскиот претседател Барак Обама го прослави 55-от роденден, последен во Белата куќа. Роденденот прва му го честиташе неговата сопруга, Мишел Обама на нејзиниот твитер профил.

Обама со своето семејство беше на вечера каде уживаа во омилените италијански специјалитети со морски плодови.

Среќен роденден на претседателот Обама му посака и потпретседателот Џозеф Бајден, кој на Твитер објави фотографија „нараквица на пријателство на Џо и Барак“.

– Мој брат, засекогаш најдобар пријател – наведе Бајден.

Obama narakvica

В сабота, американскиот претседател со семејството ќе замине на годишен одмор, а половина од месецот ќе го помине на островот Марта Винјард во Масачусетс.