HomeДЕНЕШНАСветОбама ги одликуваше Спрингстин, Де Ниро, Хенкс поради допринос за националните интереси

Обама ги одликуваше Спрингстин, Де Ниро, Хенкс поради допринос за националните интереси

brus-sprinstin

Претседателот на САД Барак Обама чиј мандат завршува за последен пат во текот на својот втор мандат ги додели претседателските медали на слободата, најголемо цивилно одликување во САД, кое се доделува на поединци кои значително допринеле за националните интереси на таа земја.

Овој медали меѓу другите, ги добија и кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан, актерите Роберт Редфорд, Том Хенкс, Роберт Де Ниро, музичките легенди Дајана Рос и Брус Спрингстин, како и комичарката Елен Деџенерис. „Секој на оваа сцена ме допре на силен и личен начин. Сите овие луѓе ми помогнаа да бидам личноста која сум денес без да бидат свесни за тоа“, изјави Обама на свеченоста во Белата куќа.

elen-dedzeneris

Престижните претседателски медали на слободата им се доделуваат на поединци кои значајно допринеле за американските национални интереси, безбедноста, културата, мирот и филантропијата.

robert-de-niro

Со 114 доделени медали, Обама е рекордер меѓу американските претседатели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com