HomeДЕНЕШНАСветОбама ги критикува мерките за штедење на ЕУ

Обама ги критикува мерките за штедење на ЕУ

Барак Обама ги пофали „визиите на Матео Ренци“, во пресрет на официјалната посета на италијанскиот премиер на Вашингтон, при што ја критикуваше политиката на Европската Унија за ограничување на државните буџети.

– Уверен сум, мерките за штедење донесоа забавување на економскиот раст во Европа. Таа политика доведе до повеќегодишна стагнација и зголемување на невработеноста во неколку земји. Поради тоа, верувам во визијата и амбициозните реформи на премиерот Ренци, кои нему му се многу важни. Ренци ја признава потребата за влог неопходен за одржлив раст и отворање работни места, нагласи Обама во интервју пред средбата, пренесува ФЕНА.

Реформите на Ренци, сепак, досега не успеаја да го зголемат растот во земјата кој континуирано е во надолна линија, туку само неговата популарност, наведува Агенцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com