HomeДЕНЕШНАСветОбама: Ќе се вратам во Германија и тоа на „Октоберфест“!

Обама: Ќе се вратам во Германија и тоа на „Октоберфест“!

obama-f3

Сега веќе поранешниот претседател на САД Барак Обама во Берлин откри дека сака да се врати во Германија барем уште еднаш и тоа во посета на „Октоберфест“ во Минхен. Обама на заедничката пресконференција со Ангела Меркел во Берлин, каде престојува во својата последна официјална посета како претседател на САД, изјави дека би било убаво да се врати повторно во Берлин: „Ова е моја шеста посета на Германија, а нема да биде ниту последна“.

Обама изјави дека со години пропуштал да го посети „Октоберфест“, но и дека смета дека е подобро да го посети како поранешен претседател на САД откако како сегашен. „На тој начин ќе можам повеќе да се забавувам“, изјави Барак Обама.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com