Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„О2“: Буџетот за 2018 година е најголем а има најмалку пари за борбата со загадувањето

„О2“: Буџетот за 2018 година е најголем а има најмалку пари за борбата со загадувањето

Од буџетот за 2018 година, за заштита на животната средина планирани се 0,4 отсто од вкупните расходи, најнизок процент досега, велат од Коалицијата за чист воздух „О2“ .

„Нели здравата животна средина, чистиот воздух, чиста вода ќе беа приоритет? Или толку беше? Кампањите завршија, па може да се продолжи по старо, со празни реторики, а во реалноста само 0,4 отсто се одвоени за заштита на животна средина. Во најголемиот буџет досега, каде со значителна сума учествуваат даноците поврзани со животна средина и зголемената акциза на нафта, ние имаме најнизок процент на доделени средства за заштита на животна средина“, велат од „О2“.

Од коалицијата информираат дека за намалување на загадувањето за 2018 година одвоени се само 11 отсто од сумата наменета за заштита на животна средина, односно 1,7 милиони евра, од кои, пак, за намалување на аерозагадувањето заедно со надзорот – само 635.000 евра.

„Само за патни трошоци во Собранието одвоени се двапати повеќе средства од тие за надзор и за заштита од аеорзагадување. Вкупниот буџет на МЖСПП е речиси еднаков на парите издвоени за зградата за јавна администрација, ентериерното уредување на Градската куќа и за Факултетот за драмски уметности“, додаваат од Коалицијата „О2“.