Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНуркачите го пронајдоа телото на исчезнатиот турски државјанин во Мавровското езеро

Нуркачите го пронајдоа телото на исчезнатиот турски државјанин во Мавровското езеро

Два дена траеше потрагата на специјалните нуркачки тимови на МВР по телото на удавениот турски државјанин (66) кој исчезна во Мавровско Езеро кај месноста Бунец. Вчера е пронајдено неговото тело на дното на езерото.

Последен пат бил виден од неговиот пријател како се обидува да исплива на површината на езерото, а потоа исчезнува. Пријателот од Скопје, со кого заедно влегле да се освежат во езерото, го пријавил случајот во полицијата.