Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНуланд: Мора да се реши кризата за земјата да се врати на евтоатланскиот пат

Нуланд: Мора да се реши кризата за земјата да се врати на евтоатланскиот пат

Американската дипломатка Викторија Нуланд, која денеска се сретна со политичките лидери во земјава, рече дека верува дека постои политичка волја за излез од кризата. Таа порача и дека што поскоро се реши политичката криза, толку побрзо земјата ќе може да се врати на евроатланскиот пат.

– Сега е време да се стави крај на политичката криза. САД се задоволни што работат заедно со ЕУ, амбасадорот Бејли работи со еврокомесарот Хан да се зближат страните околу пакетот за разбирање кој ќе и овозможи на Македонија да се врати на патот што го избрала, а тоа се евроатлантските интеграции, развој, чесно владеење, владеење на правото, слобода на медиумите, на сите прашања кои се важни за државата, рече Нуланд.

Таа нагласи дека го поддржуваат договорот од 2 јуни и оти се останати само уште неколку работи кои треба да се завршат. – Комесарот Хан ќе дојде утре. Силно ги поддржуваме разговорите што ќе се одвиваат со него, додаде Нуланд.